Press "Enter" to skip to content

ВМРО-ДПМНЕ во Битола со песни, оро и развеани знамиња ја прослави победата на претседателските и парламентарните избори (фотогалерија)

По пристигнувањето на првите резултати од гласањето во Битола на претседателските и парламентарните избори започна собирањето на членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Битола и симпатизерите на партијата кои го започнаа славењето на двојната победа.На присутните им се обрати претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола и иден пратеник во Собранието, Пеце Милевски, а со него беа пратеничките Олга Лозановка и Силвана Ангелевска, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, претседателите на Унијата на жени, на  УМС…-Денес победи надежта, победија промените  за Македонија повторно твоја, Македонија поворно на сите нас. Ви благодариме на поддршката, за огромната победа на професорката Гордана Силјановска – Давкова, која ја поддржаа повеќе од 30 илјади граѓани на Битола како кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција. Битолчани, уште еднаш, како многу пати до сега покажаа како се сака државата, како се спротиставува на криминалот. Денес се покажа уште еднаш дека против народ не се оди, а на Парламентарните избори во Битола, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата повеќе од 24 илјади, и додаде:-Сега ќе прославиме скромно, а од утре да продолжиме да работиме. Треба да бидеме големи и во победите. Уште еднаш сакам да се заблагодарам на сите членови, активисти, претседатели на месни комитети, на Општинскиот изборен штаб, на младите, на жените, на ветераните… на градоначалникот, на сите теренски активнсти кои ја промовираа програмата на партијата која има многу проекти за Битола.

Битола ќе има тројца пратеници во Парламентот, Олга Лозановска, Пеце Милевски и Силвана Ангелевска.Потоа продолжи прославата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »