Press "Enter" to skip to content

Апел на СВР Битола: граѓаните да бидат внимателни во телефонска комуникација за лажни сообраќајни несреќи

Во текот на изминатите денови и денес во СВР Битола стигнуваат пријави од измамени граѓани, а во врска со наводни сообраќајни несреќи во кои се учесници наводно блиски членови на семејството и плаќање на големи суми. 

СВР Битола апелира до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични информации добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 112 и 192 или во најблиската полициската станица.

More from ВестиMore posts in Вести »