Бизнис академијата Смилевски е единствената високообразовна установа во Македонија која нуди акредитирани професионални студии по менаџмент. БАС подготвува професионални надзорници / супервизори, раководители, оперативни и стратегиски менаџери-созадава професионалци подготвени за менаџерска работа од првиот работен ден.
Во преполнетата кристална сала на Офицерскиот дом во Битола, по 14-ти пат беа доделени дипломите на завршените студенти на прв циклус на студии на програмата по Бизнис менаџмент и на втор циклус по Стратегиски менаџмент.
Настанот на доделување на дипломите на Бизнис Академија Смилевски, беше повеќе од само церемонија – тоа беше време на прослава и почеток на нови можности и иднина за дипломираните студенти.
-Над 15 години акумулирано богато искуство на нашите наставници и над 30 години акумулирана организациска меморија на креирање употребливо знаење се влог во денешните дипломци – беа зборовите на човекот чија визија и неуморна работа стојат во основата на институцијата проф. д-р Цветко Смилевски.
Самиот нстан беше проткаен од богатството на инспиративното говорење на професорите и нивните студенти.
Наставничкиот совет на БАС, поддржувајќи и ценејќи ги посветеноста, одговорноста кон сработеното и опкружувањето, но и смиреноста, трпеливоста, споделена добрина, љубовта, пријателството, како и колегијалноста како основни критериуми на препознатливост за најдобрите, донесе одлука студентите Ирена Каличанин и Никола Ивановски да се најдат на овогодишната директорска листа.
Поддршката на студентите, развој на нови програми, како и соработката со други водечки образовни институции и компании на глобално ниво и во опкружувањето овозможува размена на знаења и најдобри практики, што ги збогати знаењата и им дава на студентите уникатни можности за вмрежување и развој на кариера.
Како благодарност за таа уникатна вредност БАС им додели признанија и благодарници на најдобрите ментори и партнрски организации.
Фото: Дамијана Ристевска

Бизнис академијата Смилевски во Битола ги додели дипломите на завршените студенти (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер преку бараж од Втора се врати во Прва лига на Македонија (фото)Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер преку бараж од Втора се врати во Прва лига на Македонија (фото)

- Со гала вечер “Pionerski Book Bar & Apartments“ Битола прослави една година постоење (фотогалерија)
- Пелистер со победа над Башкими во регулатниот дел, за бараж за опстанок ќе игра против Шкендија Арачиново
- ОЈО Битола отвори постапка за телесна повреда и противправно лишување од слобода на матурантка од Битола
- СВР Битола: битолчанец возел без возачка, 16 годишник “фател“ како вози „голф“ без возачка, приведен битолчанец за физичка напад на 17 годишна битолчанка




