Press "Enter" to skip to content

Општина Битола е трета година по ред дел од “Генералка викенд“

Трета година по ред, Општина Битола е дел од оганизираната пролетна акција за чистење и селектирање на отпад „Генералка викенд“, која се спроведува на иницијатива на Мен енд Маунтен во соработка со Пивара Скопје и ПАКОМАК.

Утрово, акцијата во Битола ја започнаа јавните претпријатија, 10 основни, 3 средни училишта од општината, а во еко активностите се вклучуваат и Оф Роуд клубот „Пелистер“ од Битола, КУД Илинден и дел од граѓаните преку своите месни и урбани заедници. Активностите ги координира ЈП Комуналец во соработка со Општина Битола.

Со „Генералка викенд“, се расчистуваат диви депонии во близина на Новиот пазар, кај хотел Битола, 3 помали локации во АРМ, во близина на маркет „БАДО“, кај Светонеделските и германските гробишта.

Со вклученоста на голем број граѓани, оваа акција има за цел да придонесе за подигнување на еколошката свест и одговорноста кај населението за заштита на животната средина и спречување на создавањето нови диви депонии.