Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен дилер за издржување казна затвор, на “Прилепска“ повреде велосипедистка

На 19.05.2024 во 00.20 часот на ул. „Охридска“ во Битола,  полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 36 годишник од Битола. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен Суд Битола за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.  Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.
 
На 18.05.2024 во 15.33 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Прилепска“ во Битола, патничко возило “фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 61 годишник од с.Гнеотино, општина Новаци, удрило во велосипед управуван од 54 годишна жена од Битола. Во несреќата велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
 
 
More from ВестиMore posts in Вести »