Press "Enter" to skip to content

Дарија Крстевска од АК Олимп од Битола со бронза на 1.500 метри

И…ако помисливме среброто на Дарија во вчерашниот натпреварувачки прв ден од Националното првенство во атлетика е доволно, не е.

На вторит ден, втор медал за оваа неверојатна наша атлетичарка.Дарија Крстевска од АК ОЛИМП, во дисциплината 1.500 метри во женска конкуренција го освои третото место што донесе уште еден медал за нашиот клуб.

-Дарија се натпреварува во сениорска конкуренција, иако со своите 17 година е се уште младинка, па најдоброто од неа го очекуваме во годините кои следат. Ова е голем поттик за продолжување понатаму и знак дека сме на вистинската патека. Честитки за Дарија и двата медали овој викенд и за нејзиниот тренер Демир Даутовски, им порачаа од АК Олимп.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »