КЈП “Нискоградба“ Битола ги известува граѓаните за прекин на сообраќајот, преку соопштение во кое се вели:
-Се известуваат граѓаните на Општина Битола дека утре, среда 22 мај 2024 година, КЈП “Нискоградба“ Битола заради изведување на градежни работи, прекоп на канализација во Горно Оризари на ул. “Крсте Нале“ од ул. “8-ми Септември“ се до бр. 116, сообраќајот ќе биде во прекин од 7.00 до 15.00 часот се до завршување на работите.
Се молат граѓаните да се придржуваат до ова известување.






