Press "Enter" to skip to content

РЕК Битола: Изразуваме длабоко жалење и сочуство до семејството на настраданиот, овој трагичен настан мора да биде последен

Целосно ја разбираме загриженоста на жителите на Новаци за безбедноста во сообраќајот кој се одвива по регионалнот пат кој минува низ селото. Последниот трагичен настан во кој настрада жител на Новаци мора да биде навистина последен. Изразуваме длабоко жалење и сочуство до семејството на настраданиот.

РЕК Битола презеде конкретни чекори и оствари средба со економските оператори кои вршат транспорт на јаглен во комбинатот на која беше подвлечено дека безбедноста на граѓаните е приоритет. Комбинатот ќе направи се што е во рамките на неговите можности за да се спречат слични појави во иднина.

Апелираме до жителите на Новаци кои секојдневно го користат регионалниот пат Новаци – Битола, како и до сите учесници во сообраќајот на овај патен правец, да се придржуваат кон поставената сообраќајна сигнализација, како и кон условите на патот.

Благодарни сме за постојаниот ангажман на македонската полиција која често го контролира движењето на возилата на оваа делница и ги охрабруваме полицајците уште почесто и уште поригорозно да ги санкционираат несовесните возачи.

РЕК Битола е партнер на локалната заедница на село Новаци повеќе од 40 години и претставува не само најголем извор на електрична енергија во државата, туку и извор на  eгзистенција и на живот за новачани.

Убедени сме дека со заеднички сили ќе го надминеме и овој предизвик!

More from ВестиMore posts in Вести »