Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанец пријавил напад од брат, приведен дилер

На 22.05.2024 во 11.00 часот во СВР Битола, 49 годишен битолчанец пријавил дека бил физички нападнат од неговиот брат, кој му се заканувал и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 22.05.2024 во 16.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 26 гдишник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од прашкаста материја. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »