Press "Enter" to skip to content

Дарко Радуловиќ: ако победиме утре ќе играме петти натпревар од финалето за титула

На средбата со новинарите пред двата натпревари во Битола кои се играат во рамките на фуналната серија на Пелистер и МЗТ Скопје, зборуваше тренерот Дарко Радуловиќ кој во негово име и во име на кошаркарите вети голема борба за остварување на првата победа пред своите гледачи. 

МЗТ по два натпревари има две победи, кои ги оствари на свој терен, но Радуловиќ смета дека Пелистер одиграл квалитетно во првите за што вели:

-Забележавме два порази или како би рекол два насреќни порази, или два порази во кои решаваа нијанси. На едниот беше пресудно што имавме голем број на технички грешки, а на вториот беше пресуден некој фокус, некоја концентрација на крајот на натпреварот која ја немавме, заедно со неколку офанзивни скокови кои го решија победникот. И во двата натпреаври бевме во најмала рака еднаков противник, ако не и подобар. Но некогаш искуството кои го носат во себе тие играчи кои освојувале голем број титули ги решава овие натпревари.  Утре следи натпревар во Битола кој одлучувачки со кој што мислам ако се победи верувам дека ќе гледаме петти натпревар. 

За идните натпревари од финалната серија Расуловиќ додаде:

-Овие неколку дена ги користиме играчите добро да се одморат и втора работа е да ја вратиме мотивацијата кај нив. Разговараме со играчите и тие се свесни дека можеме да го победиме големиот ривал МЗТ Скопје. За да дојдеме до две победи ќе биде многу битно публиката да ни даде поддршка и да биде со нас во текот на сите четириесет наредни минути. 

Пелистер утре во Битола ќе го пречека МЗТ Скопје во салата „Боро Чурлевски“, а третиот натпревар од финалната серија е закажан со почеток во 18:30 часот.  

More from ВестиMore posts in Вести »