Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност, попладне можност за нестабилност

Денес, недела, 26 мај, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне можност за нестабилно со локален пороен дожд. Максималната температура во Битола до 23 степени.

Утре, понеделник, 27 мај, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне можност за локален пороен дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура во Битола до 24 степени.