Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 во Битола со убедлива победа, им останува уште едно коло и победа за прваци во плеј-аутот (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Голден Арт 39:25 (20:15)

Вечерва во Битола екипата на Еурофарм Пелистер 2 лесно и убедливо ја победи екипата на Голден Арт и со оваа победа е на врвот на табелата, или поточно на делба на првото место со екипата на Прилеп.За “двојката“ ова беше последниот домашен меч сезонава, во следното коло составот на Михаил Петровски ќе гостува во Прилеп кај истоимената екипа, за за првото место во плеј-аутот.Само отворањето на натпреварот во спортската сала “Боро Чурлевски“ помина во рамноправна игра и резултатска неизвесност, но потоа „зелено-белите“ презедоа сè во свои раце и немолосрдно го полнеа голот на противникот, а резутатот по 30 минути игра беше 20:15 за Пелистер.Во второто полувреме  екипата на Петровски заиграа уште поквалитетно, а како резултат на таквата игра тие направија и двоцифрена предност. Потоа се беше јасно, Пелистер лесно ги казнуваше грешките на гостинот, а  бодовите остануваат во Битола. Натпреварот се заврши со голема разлика од 14 гола.Најефикасни кај Еурофарм Пелистер 3 беа Белистојановски, Хаџиќ и Димитровски со по пет гола.

 
More from ВестиMore posts in Вести »