Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: при градежни работи на приватна куќа повреден 19 годинишник

На 25.05.2024 во СВР Битола било пријавено дека на  ул. “Панде Илковски“ во Битола при вршење на градежни работи на приватна куќа, со повреди се здобил 19 годинишник од село Горно Оризари, битолско.

Тој бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

Увид извршила увидната екипа на СВР Битола, а известен е и трудов инспектор.