Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност, температурата до 24 степени

Денес, среда, 29 мај, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне можност за нестабилност со пороен дожд. Температурата во Битола до 24 степени. UV=6.

Утре, четврток, 30 мај, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне можност за нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 24 степени.