Press "Enter" to skip to content

М-р Андреј Гинов е нов директор на ЈКП “Водовод“

М-р Андреј Гинов е нов в.д директор на ЈКП “Водовод“ кој назначен по заминувањето на досегашниот директор Пеце Милевски за пратеник во во Собранието на Република Македонија. 

Андреј Гинов по професија е дипломиран инженер за  безбедност и здравје при работа, магистер во оваа област, а на раководното место во ЈКП “Водовод“ доаѓа од РЕК “Битола“.

Од Општина Битола информираат:

-Андреј Гинов е нов в.д директор на ЈКП “Водовод“. Гинов е роден на 12.07.1984, а магистрирал безбедност при работа. Во досегашниот период, бележи 17 годишно работно искуство во ЕЛЕМ, РЕК “Битола“. Неговото назначување доаѓа по верификацијата на пратеничкиот мандат на досегашниот директор на ЈКП “Водовод“, Пеце Милевски.