Press "Enter" to skip to content

Денот на државноста на Хрватска и 30 години хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“ од Битола одбележани во Битола (видео+фотогалерија)

Вечерва во Битола во Офицерскиот дом во Битола беше одбележан Денот на државноста на Република Хрватска, кој ги организираше хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“ од Битола, кој редовно по разни поводи организира вакви средби на кои се промовира хрватската култура во Битола, а го прослави и своето 30 годишно постоење.На ова одбележување присуствуваше Стјепан Домјанчиќ, воено аташе, членови на хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“, Хрвати кои живеат во Битола, љубители на хрватската култура и други битолчани. Во име на домаќинот, хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“, на гостите им се обрати координаторот на центарот Бранко Маретиќ, која рече дека и оваа година во Битола се прославуваат Денот на државноста, на ден кој е многу значаен за Хрватска и Хрватите, без разлика каде се наоѓаат.-Посебно ми е задоволство што оваа година го организираме ова дружење, заедно со институциите и поединците кои се наши пријатели. Сакам да ги поздравам претставниците на амбасадата на Република Хрватска во Македонија, заменик градоначалникот на Битола – Бојан Бојковски, градоначалниците на Новаци и Могила, претставниците од католичката црква “Срце Исусово“ и сите кои се вечерва со нас. Денот на државноста на Хрватска е значаен датум, а секако значаен датум е денот кога Хрватска станува член на Европската Унија. Се надевам дека ќе продолжиме со вакви средби, но и со нови, со реализација на новите проекти помеѓу двете држави, посебно на културни активности, кои веќе и ги имаме со поврзување на градовите на двете држави,  рече Бранко Маретиќ.В0 име на Амбасадата на Хрватска во Македонија зборуваше Стјепан Домјанчиќ, воено аташе, кој рече:-Посебно ми е задоволство што ја има ретката прилика да ве поздравам од има Република Хрватска сите кои сте тука, на традиционалното одбележување на Денот на државноста на Република Хрватска, посебно претседателот на хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“ – Бранко Маретиќ, кој веќе 30 години работи на продлабочување на односите на двете држави.

Ме радува тоа што сум во Битола, град кој има посебно урбано живеење, а тоа се чувстсува насекаде, посебно на Широк Сокак. Битола е град кој научи како да се живее со другите и тоа да го пренесува од генерација на генерација.На присутните им се обрати и заменик градоначалникот на Битола, Бојан Бојковски кој рече:-На господинот Маретиќ кој е наш домаќин, на претставниците на Хрватска кои се вечерва со нас, и на сите Хрвати во Битола им го честитам Денот на државноста на Хрватска во име на градоначачникот кој е отсутен и во мое име. Мене ми е посебно драго што господинот Маретиќ триесет години ги негува односите помеѓу двете држави, а посебно меѓу Битола и општините во регионот со градови од Хрватска.

Битола има два збратимен градови од Хрватска со Риека и Осиек со кои се надевам дека ќе ја збогатиме соработката. Се надевам и дека Република Хрватска ќе биде и понатаму наш пријател и ќе ни биде ветерот во грб на патот кој Европската Унија, како и досега. Одбележувањето на Денот на државноста во Битола, во годината кога и Република Хрватска одбележува по повод меѓународното признавање и воспоставување дипломатски односи и членство во Обединетите нации, се одржи во организација на МХД – Хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“  беше заокружено со концертот на препознатливиот далматински мелос на далматинската женска клапа “Фреција“ од општина Јелса на островот Хвар и вокалната група “Ангелини“ од Загребачката жупанија. Во програмата за одбележување на овој значаен празник за хрватската историја настапија и ученици од Државното средно училиште во Битола. На институции и поединци кои на некој начин помогнале и биле дел од хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“ од Битола им беа доделени благодарници. 

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »