Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: загина возач во сообраќајка, повреден велосипедист, опожарени две возила, попречување на полициски службеници,

На 31.05.2024  во 14.42 часот во СВР Битола било пријавено дека на земјен пат во атар на с. Кременица, битолско, 63 годишн0 лице  од село Средно Егри, битолско, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола. 

На 01.06.2024 во 17.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул. „Ѓорги Наумов“ во Битола патничко возило „тојота“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 23 годишник од Битола, удрило во велосипед управуван од 59 лице од Битола. Во несреќата велосипедистот се здобил  со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

На 01.06.2024 во СВР Битола 52 лице од Битола пријавил дека на ул.„Ѓорги Наумов“ во Битола било опожарено неговото патничко возило „бмв х3“ со бугарска национална ознака. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Од пожарот се оштетени дел од фасадата на зградата, балкон и патничко возило „мерцедес“. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

На 31.05.2024  во 17.39 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Васко Карангелевски“, во гаража на напуштен хотел, настанал пожар во возило „фиат темпра“, сопственост на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

На 31.05.2024 година во 19.00 часот во СВР Битола било пријавено дека лице од Битола попречувал полициски службеници од СВР Битола кои преземале службени дејствија на ул.„Борис Буџевски“ во Битола. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 

 
More from ВестиMore posts in Вести »