Press "Enter" to skip to content

Бранислав Ангелевски за разделбите со некои играчи и можните засилувања

Откако екипата на Еурофарм Пелистер од Битола  ја одбрани титулата шампион на Македонија и по “напорниот“ викенд за сите љубители на ракометот во Битола, денес во клубот продолжуваат со тековните активности.

Секако прва ракометна обврска на Управата на клубот ќе биде онаа непријатната, а тоа е разделбата со некои ракометари, а тоа се тројцата голмани на првакот и “пикерот“ Василев.

Бранислав Ангеловски, тренерот на Еурофарм Пелистер, им честита на своите момци за завршената задача, а потоа зборуваше и за можните засилувања на тимот во текот на паузата.за следната сезона.

-Тимот ќе претрпе промени во текот на летото. Со Митревски и Ивиќ ќе ја надополнеме таа празнина на голманската позиција, по заминувањата на Гедбан и Лесјак. Исто така мораме добро да размислиме за пивотменската позиција, бидејќи Васиљев ќе остави голема дупка. Тука ќе загубиме и добар одбранбен играч. Можеби со доведување на еден лев и среден бек уште повеќе ќе го засилиме нападот.  Со враќањето на Костески на десната крилна позиција одново ќе имаме ударен тандем, додека за левата крилна позиција не сакам да трошам зборови. Навистина имаме европски крила, но ќе треба да се засилиме на надворешните линии, рече Ангеловски. 

Еурофарм Пелистер ќе аплицира за „вајлд-карта“ за учество во Лигата на шампионите, а доколку не ја добие ќе се натпреварува во Европската лига. 

More from ВестиMore posts in Вести »