Македонскиот првак Еурофарм Пелистер по крајот на тековната сезона се разделува со седум свои ракометари и ќе направи сериозни промени во играчкиот кадар. За дел од нив веќе од претходно беше познато дека заминуваат.
Овие одлуки за заминување беа соопштени синоќа на интерна манифестација која се одржа во “Голд Фелиција“ во Битола, каде на едно место по повод крајот на сезоната беа акционерите, спонзорите и пријателите на клубот, а шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер и официјално ја заврши сезоната 2023/24.
На церемонијата присутни беа сите чинители на успешната сезона, а клубот го анализираше постигнатото.
Се обратија претседателот Зоран Стерјев, спортскиот директор Звонко Шундовски, тренерот Бранислав Ангеловски и капитенот Филип Кузмановски.
Потоа следуваше и емотивниот дел кога Еурофарм Пелистер на крајот на сезоната се разделува со седум ракомери кои заминуваат по истек на договорот.
Еурофарм Пелистер најискрено им се заблагодари за професионалноста и ангажманот на: Урбан Лесјак, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Марио Танкоски, Денис Васиљев, Руди Сери и Матеуж Пиеховски, беа испратени ракометарите кои заминуваат од клубот на истек на договорот, кои добија пригодни подароци како спомен за престојот во Битола.
Клубот им посаку успеси во новите средини и вратите на Еурофарм Пелистер и град Битола секогаш ќе бидат отворени за нив.
Следната ваква средба закажана е за крајот на август, при претставувањето на екипата за сезоната 2024/25, а д0 тогаш се очекува Еурофарм Пелистер да го комплетира тимот за следната сезона, градејќи ростер и за добар настап во Европа.
Како првак на Македонија тимот од Битола има право да аплицира за „вајлд карта“ за Лигата на шампионите, додека има сигурно место во групите на Европската лига на ЕХФ.

Еурофарм Пелистер на завршна церемонија се раздели од седум ракометари, направи анализа и ги кажа плановите за новата сезона (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес е Велик петок, најтажниот ден за христијаните, денот на Христовото распнување и погребение
- Во Битола сончево, темпрературата до 15 степени
- Фото вест: на Велики Четврток 200-тото ИВФ бебе во болница “Плодност“ во Битола
- “Чкембе фест“ во октомври во Битола (фото)
- In memoriam: проф. д-р Виолета Пановска – Бошкоска, ректор на УКЛО 2003 – 2007
More from СпортMore posts in Спорт »
- Реми во Битола, вечното дерби Пелистер – Вардар без голови (фотогалерија)
- Во последната секунда гол за Охрид и пораз на Еурофарм Пелистер во Битола (фотогалерија)
- Шампионот донесе репрезентативец: Серафимов потпиша за Еурофарм Пелистер!
- АК Олимп со голем успех на Државното првенство и Купот на Македонија во Скопје, Дарија Крстевска со нов национален рекорд
- Финишот повторно кобен за Пелистер, имаа +19, во 4-тата четвртина примија 36 поени










