Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени две лица во село Олевени

На 03.06.2024 во 07.45 часот во с.Олевени, битолско, полициски службеници од Полициското одделение Велушина ги лишиле од слобода 55 годишно лице од Шведска и 40 годишно лице од село Олевени.

Тие се сомничат дека на 02.06.2024 околу 23.20 часот му се заканувале на 80 годишник во неговиот двор во село Олевени, ги скршиле влезните врати од дворот и куќата и фрлале тврди предмети кон неговата куќа.

Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »