Press "Enter" to skip to content

Супер сезона на кадетската женска екипа на Топ гол од Битола

Во натпреварувачката 2023/24 сезона кадетките од Битола го освоија третото место, во единствената лига за девојки родени 2010/11год во која партиципираа 14 екипи битолчанки остварија16 победи, 3 нерешени натпревари и 5 порази. Постигнаа 64 голови, а примија 24 што значи имаат висока позитивна гол разлика од +40. 

-Супер сезона за нашите фудбалерки, одигравме доста квалитетно за време на целото првенство. Радува фактот дека овие некои од девојки се помлади и дека се носат на висина на задачата со постари од себе, но кога ќе дојдат да играат со своите врсници ќе доминираат на натпреварите. Поставивме добра основа и со тренинг и развој ќе направиме уште подобри резултати, изјави Шефот на стручниот штаб на Топ гол Кире Грбевски.

More from ВестиMore posts in Вести »