Press "Enter" to skip to content

Лајонс клуб Кабадаја од Битола одбележа 15 години постоење, традиционално со Бон-Вивант настан, овој пат со нов концепт (фото)

Лајонс клубот Кабадаја од Битола одбележа 15 години од основањето не со свеченост, туку со целодневен хуманитарен настан кој се одржа на партерот и платото на Офицерскиот дом во Битола.-Повеќе од 10 општествено одговорни компании со свои штандови беа дел од новиот концепт на традиционалниот настан Бон Виван кој Лајонс клубот Кабадаја го организира во континуитет од основањето до денес. Програмата изобилуваше со содржини за сечиј вкус, а започна со детската програма и ѕвездичките на детскиот фестивал Сидо и маскотите со најпознатите и препознатливи ликови за најдрагата публика- децата, рекоа од Лајонс клубот Кабадаја, и додадоа:-Дел од програмата беа и бендовите Баркод, Фарса, гостите Shine, Dj Кекел и специјалното изненадување култните Паркети со кои заедно ја прославивме осмата титула на нашиот спортски ракометен бренд – Еурофарм Пелистер.Илјадници посетители беа дел од овој целодневен настан и вистински уживаа во вкусната храна, дегустацијата на пијалоци и програмата која траеше речиси 12 часа.Собраните средстваЛајонс клубот Кабадаја  во соработка со Општина Битола ќе ги донира за опремување на детски парк во Битола.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »