Пријателството гради цврсти мостови и ги преминува сите бариери. Пријателството зборува на јазикот на љубовта. Отвора нови шарени светови и пишува нови страници со мисли за надеж за нови средби, тоа се докажа кога Битола оживеа како град на културата, љубезноста, добрината во заедничките спомени на учениците од ОУ “Стив Наумов“ Битола и учениците од училиштето во Истанбул.
Проектот на развивање пријателства низ целиот свет продолжи со доаѓањето на учениците, дел од родителите и наставничката Илкнур, заменичката Сибел во Битола. Тие беа срдечно пречекани од семејствата во Битола. Беа свечено дочекани на прием во ОУ “Стив Наумов“ каде директорот Никола Пискачев ги пречека истакнувајќи колку е значајнаа оваа размена на ученици за продлабочување на пријателството меѓу збратимените училишта. Родителите се погрижија Битола да биде претставена како конзулски град во кој секогаш има место за гости од целиот свет. Исто така оставија впечаток на гостопримливи и добри домаќини кои несебично ги отворија вратите за гостите од Турција.
Додека па, за се ова да помине во најдобар ред и организацијата на сите активности, работилници и прошетки да се одвива по план се погрижија заменичката директорка Марина Јанеска и наставничките Даниела Јовановска и Марија Трифуновска – Тасеска.
Гостите од Истанбул беа срдечно пречекани од градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој ја истакна долгогодишната поврзаност на Битола со Република Турција. А таа поврзаност се потврди и со посетата на Музеј Битола каде во Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк имаше интерактивна и интересна работилница организирана од Наташа Христовска, м-р Моника Нолева и д-р Ирена Ружин.
Учениците и родителите се восхитуваа на убавината на Битола при прошетките низ чаршијата, Широк Сокак и уживаа во мирот и свежината во Националниот парк Пелистер. Освен Битола, гостите имаа можност да го доживеат и спокојот во комплексот кај Манастирот “Свети Наум“ како и да се воодушеват на архитектурата и езерската убавина во Охрид.
Како што Битола е мрежа испреплетена од старото и новото, така крајот на оваа учебна година во ОУ “Стив Наумов“ се обележа со спојување на ученици од две држави кои се меѓусебно поврзани уште од далечното минато и ќе биде запаметена по почетокот на едно поинакво и безвременско пријателство.

ОУ “Стив Наумов“ од Битола домаќин на ученици од Истанбул, Турција (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Четврта детска трка “Trailko“ за крај на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ Битола, победници сите дечиња (фотогалерија)
- Изложбата „Артеизам“ на Владимир, Васко и Дејан отворена во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: одбележан денот на битолската и македонската адвокатура (фото)
- СВР Битола: приведени двајца возачи, едниот возел без возачка, другиот со 1,70 промили алкохол во крвта
- Акциска контрола на подрачје на СВР Битола, санкционирани 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети





