Денес, петок, 14 јуни, в0 Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно, со можност за повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува ведро време. Температурата во Битола до 29 степени. UV=7
Утре, сабота, 15 јуни, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Температурата во Битола до 32 степени. УВ=8






