Press "Enter" to skip to content

Студентот Христијан Павловски и професорот Зоран Јошевски победници на “UKLO OPEN COLOURS 2024“ во Битола (фото)

Со доделување пехари за најдобрите, заврши Вториот универзитетски турнир во тенис UKLO OPEN COLOURS 2024 организиран од Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола .На турнирот, во коорганизација со Тенискиот клуб „Чакулески“ од Битола, учествуваа 25 натпреварувачи – студенти и вработени на УКЛО, средношколци и граѓани кои го сакаат тенисот.Во категоријата наставно-академски кадар на УКЛО и надворешни учесници, првото место го освои проф. д-р Зоран Јошевски од Техничкиот факултет, второто, Драган Спиркоски, докторанд на Правниот факултет – Кичево, а третото место го освои проф. д-р Викторија Стојковска, од Факултетот за биотехнички науки.Во втората категорија, студенти од единиците на Универзитетот и средношколци, Христијан Павловски од ФИКТ го освои првото место, Игор Пејчиновски од Економскиот факултет во Прилеп второто, а третото место му припадна на Божидар Георгиевски, ученик во Средното општинско училиште “Jане Сандански“ во Битола.Пехарите и дипломите на учесниците им ги врачи ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, кој и на вториот универзитетски турнир активно учествуваше во натпреварите.

Честитајќи им за успехот, тој истакна дека УКЛО ќе се заложи идната година – UKLO OPEN COLOURS да прерасне во државно универзитетско првенство во тенис и да добие меѓународен карактер.

More from ВестиMore posts in Вести »