Press "Enter" to skip to content

Прв саем за математика, наука, технологија, инженерство и уметност “ПОГОН“ на Технички во Битола (фотогалерија)

Осветлен од боите Европската универзитетска алијанса КОЛОРС на Техничкиот факултет во Битола се одржува Првиот саем за математика, наука, технологија, инженерство и уметност ПОГОН, наменет за учениците од основно и средно образование и секако за студентите и бизнис заедницата.Организаторите, Техничкиот факултет – единица на УКЛО и Сојузот на математичари на Македонија, сметаат дека ова е одличен начин кај младите луѓе да се зголеми интересот за математиката, физиката, односно за природните и техничките науки.На отворањето на Саемот на учениците, студентите, наставниците и професорите им се обрати ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски кој нагласи дека е мошне важно уште од најрана возраст на децата да им се приближат овие науки.Според ректорот Неделковски, ПОГОН е активност која се вклопи во темата транзиција од училиште кон универзитет, во рамки на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС, чиј рамноправен партнер е УКЛО.Тој истакна дека со членството во Алијансата, УКЛО веќе не е сам и дека нема 5.000 студенти, туку 120.000 студенти, не само од Македонија, туку од уште осум други држави.Со ПОГОН, Техничкиот факултет ширум ги отвори училниците, амфитеатрите, лабораториите за сите учесници на Првиот саем за математика, наука, технологија, инженерство и уметност.За бројните активности што се реализираат од 14 – 15 јуни 2024 г. деканот, проф. д-р Митко Костов изразува задоволство што се домаќини на ваква група од млади амбициозни, талентирани ученици, желни да се натпреваруваат и да се докажуваат.Зад идејата и реализацијата на Саемот, најзаслужна е д-р Елена Котевска, професорка по математика на Техничкиот факултет во Битола.Водена од сознанието дека се помал е интересот кај младите луѓе за студирање на техничките и природните науки, кои се погон на секое општество што се стреми да биде во тек со современиот технолошки развој, таа истакнува дека:-Сакаме преку интересна презентација на примената на овие науки во секојдневниот живот и стопанството, да ги предизвикаме оние кои досега воопшто не се занимавале или интересирале за природни или технички науки, заради тоа што сметале дека се тешки, неинтересни, досадни или комплетно неупотребливи во реалниот живот.По успешниот старт на Првиот саем за математика, наука, технологија, инженерство и уметност ПОГОН, организаторите најавуваат повеќе активности идната година, бидејќи очекуваат Саемот да прерасне во традиционален.

More from ВестиMore posts in Вести »