На 16.06.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола. При петрес во неовиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марухуана и дигитална вага. Малолетникот бил приведен во Полициската станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 16.06.2024 во 11.33 часот во СВР Битола, Ц.М. (66) од Битола пријавил дека во настанал пожар во негова стара куќа во село Црнобуки, битолско. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна екипа Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидната кипа на СВР Битола.
На 16.06.2024 во 16.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Новаци – Македонски Брод мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 67 годишник од село Тепавци, општина Новаци, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил од увидна екипа од СВР Битола.
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (14/15/16.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкции, 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 29 мерки за возење без возачка дозвола, изречени 13 мерки за непрописно паркирани возила, 17 мерки за некористење на заштитна кацига -шлем…






