Press "Enter" to skip to content

Битола на +40 степени целзиусови, најтоплиот ден годинава (фотогалерија)

Денес 21 јуни, најдолгиот ден во годината е еден од најжешките денови со измерени, во 13 часот, +37 степени на бензинската пумпа кај “Дулие“, а сигурно беше потопло во градот, на асфалтот, по плочките на Широк Сокак, во Чаршијата…Лекарите со препораки да се избегнува подолго претсојување на сонце од 11-17 часот, но  Битола и битолчани  и на овие пеколни температури и во ова време кое е најтопло, го живеат своето секојдневие и секој ги прави своите секојдневни обврски, со неколку зборови, Битола функционира. Битолчани, нивните гостии намерниците во градот заштитени со  очила за сонце, тенка облека, чадори, бараа сенка, се разладуваа со пијалоци во сенките на паркот или во кафулињата на Широк Сокак.

Денес  е неработе ден, но битолчани следејќи ги препоракте на лекарите  брзаа да ги направат своите работни обврски и да си одат дома или во сенка да се разладат, а и оное кои пазаруваа исто така брзаа  да купат она што е неопходно за денот и да одат во ладовина дома.На  Широк Сокак намален број на луѓе, а наместо на терасите на кафулиња кафето се пие внатре во локалите кои се климатизирани.Исто така забележавме и многу туристи кои праве селфи или се фотографираа покрај убавините во нашиот град.   Поради жештините и екипите кои работат на “Топловодот“ низ Битола следејќи ги препораките беа во сенка, а чекаат жештината да намали и да продолжат со работа во попладневните часови. Секако секој се заштитува од жешкот време на различен начин дали со ладно пијалоци, сладолед, лубеница или друго овошје со кое пазарот изобилува.Најбарани превозни средства се велосипедите, моторциклите, електричните тротинети, а се избегнуваат автобусите и автомобилите.Еве низ фотогалерија како функцинираа битолчани од 13 до 14 часот на најтоплиот ден годинава. 

Ж.Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »