Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер доби “вајлд-карта“, Битола повторно ќе гледа Лига на шампиони!

Битола и во следната ракометна сезона ќе гледа елитен ракомет, а македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе биде дел од најквалитетно европско клупско натпреварување, откако доби “вајлд-карта“ за Лигата на Шампиони, а ЕХФ денеска ги објави учесниците за идната сезона.

Според одлуката на Комисијата на ЕХФ, а која ја потврди и Извршниот Комитет, битолчани втора сезона по ред ќе играат во групите од Лигата на шампионите, и покрај тоа што Македонија немаше рејтинг за шампионот да добие директно место. ЕХФ го препозна победничкиот проект на Еурофарм Пелистер и му додели “вајлд-карта“ на битолскиот клуб.

Во 16 европски екипи покани за Лигата на шампионите добија полскиот Келце, унгарскиот ПИК Сегед, францускиот Нант, потоа романскиот Динамо Букурешт, хрватскиот Загреб и данската Фредериција.

Ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите ќе се одржи во Виена на 27 јуни, а системот на натпреварување останува непроменет – две групи по осум екипи.

More from СпортMore posts in Спорт »