Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: три пријави за поврзани физички напади, повреден мороциклист по пад од мопед

На 23.06.2024 во 02.10 часот во СВР Битола, Н.Т. (50) од Битола пријавил дека околу 19.00 часот на 22.06.2024 на улица “Довлеџик“ во Битола тој и неговиот малолетен син биле физички нападнати од три лица, сите од Битола, при што употребиле и метални предмети. Истиот ден, во СВР Битола Ѓ.О. пријавил дека во Клиничка болница Битола бил физички нападнат од лице од Битола. Во врска со истиот настан И.Н. (47) вработен како обезбедување во Клиничка болница Битола, пријавил дека пред влезот на болницата, во обид да ги раздели лицата што физички се пресметувале, бил физички нападнат, кој употребил и дрвен предмет. Се преземаат мерки за целосно  расчистување на настанот. 
 
 
На 22.06.2024 во 20.10 часот во СВР Битола било кој пријавено дека на ул. Охридска“ во Битола, 58 годишник од Битола, управувајќи мопед марка “априлија“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола. 
 
More from ВестиMore posts in Вести »