Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Фитап аеробик на ракометно, најмасовниот аеробик настан во Битола (фото)

-Пред 10 години на Ракометното игралиште во Битола се одржа најмасовниот аеробик настан во Битола – Фитап аеробик, кој беше професионално подготвен терен за супер забава и уживање, квалитетна музика и амбиент, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајден на битолското новинарство. Овој аеробик настан го водеа проф. Христина Ристевска и проф. Дона Димовска, како и гостите Кети Матеничарска и Лазар Иванов од Скопје.Преку овој аеробик настан се обезбеди позитивна и забавна атмосфера за присутните,
каде што физичката активност е главен приоритет, дружење проследено со детско ќоше каде што и најмалите имаа можност да го почувствуваат важноста на здравиот и правилен животен стил.Присуството на ваков настан ги охрабри стремежите кон редовно вежбање и подобрување на физичката и психичката подготвеност. Во рамките на настанот беше организирано и детско катче каде најмладите имаа можност да се забавуваат, а воедно да ја почувствуваат позитивната енергија од физичката активност.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »