Press "Enter" to skip to content

Лидија Тфирст Митревска поднесе оставка на местото директор на градинката “Естреја Овадија Мара“

Лидија Тфирст Митревска соопшти дека поднесе оставка на местото директор на градинката “Естреја Овадија Мара, која ја достави до Управниот Oдбор на детската градинка „Естреја Овадија Мара“ во Битола и градоначалникот на Општина Битола

-Оставката ја поднесувам според сопствената совест и во духот на плурализмот, а во интерес на оние на кои бев посветена – децата во градинката и нивните родители. Имено,  по последните избори, кога целокупната власт е во рацете на една партија, а партијата која ме поддржа за директор е во опозиција, нема да постојат услови за нормално функционирање на градинката и функционална соработка со институциите.  Им благодарам на сите со кои соработував во изминатиот период како директор на градинката и и посакувам на градинката успешно да работи и понатаму, напиша Лидија Тфирст Митревска во соопштението.

More from ВестиMore posts in Вести »