Во с. Слоештица, се одржа настан на кој се чествуваше 90- годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски. Настанот беше во организација на Одделението за лингвистика и литература при Македонското научно друштво – Битола.
Со-организатори на настанот се: Педагошки факултет – Битола, Ректорската управа на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Студенскиот сојуз при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Арт Поинт – Гумно, Задружен дом во с. Слоештица и Europe House од Битола.
Настанот се одржа на три локации во с. Слоештица. Прво, делегација од МНД – Битола на чело со претседателката на друштвото, проф. д-р Невена Груевска, Амбасадорот на Европската делегација во РС Македонија, Дејвид Гир, градоначалникот на Општина Битола, во присуство на семејството на Петре М. Андреевски и останатите гости, положија свежо цвеќе на гробот на Петре М. Андреевски.
Потоа, настанот продолжи во Задружниот дом во с. Слоештица, каде свое обраќање имаа: проф. д-р Силвана Нешковска, иницијатор и организатор на настанот, проф. д-р Невена Груевска, Претседател на МНД – Битола, како и Амбасадорот, Дејвид Гир. Во сите обраќања посебно беше акцентирана големината на Петре М. Андреевски како еден од најзначајните македонски поети, раскажувачи, романописци и есеисти, кој дал посебно важен приднес во градењето на македонскиот национален идентитет и македонската современа книжевност.
Претседателката на друштвото во знак на благодарност за отстапениот простор, на претставниците на Задружниот дом во с. Слоештица им врачи книги, донација од издавачката дејност при МНД – Битола, како и од Педагошки факултет – Битола, со цел збогатување на фондот на книги на библиотеката во с. Слоештица.
Настанот беше збогатен со рецитал на избрани песни од богатиот поетски опус на нашиот поетски македонски великан, посебно од неговата најпрочуена стихозбирка „Дениција“. Со цел присутните поблиску да се запознаат со ликот и делот на Петре М. Андреевски, настанот вклучуваше и квиз со едукативен карактер. И рециталот и квизот беа подготвени од студенти на Педагошки факултет – Битола и тоа од студиската програма Англиски јазик и книжевност – Катерина Станојоска, Стефани Ралоска, Ивана Начоска и Димитар Атанасовски, и од студиската програма Македонски јазик и книжевност – Ева Нешковска, под менторство на проф. д-р Силвана Нешковска.
На учесниците во квизот кои се студенти на УКЛО, претседателката на МНД – Битола им врачи книги од и за Петре М. Андреевски, донација од издавачката куќа Арс Ламина.
По завршувањето на рециталот и квизот, присутните се упатија во Арт Поинт – Гумно, каде свечено беше откриена скулптура од познатиот македонски уметник Никола Пијанманов, инспирирана од „Песна за мојата песна“ објавена во безвременската поетска збирка на Петре М. Андреевски, „Дениција“.

Достојно чествување на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски во организација на Македонското научно друштво – Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)

- СВР Битола: малолетник паднал од мопед – тешко се повредил, сообраќајка кај “Чешмите“, приведување за дрога
- Во Битола одбележан 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД – 36 часа без сон за иновација со потенцијал за стартап
More from КултураMore posts in Култура »
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“








