Press "Enter" to skip to content

Трасирана спортско-рекреативната патека над Битола “Тумбекафе – Смолево“, се поставуваат потпорните ѕидови (фото)

Битолчани кои редовно рекреираат на Тумбкафе над Битола со задоволство гледаат како напредуваат работите на спортско-рекреативната патека од Тумбекафе до Смолево и се радуваат на секој метар кој е направен.Деновиве веќе е завршено трасирањето на патеката, таа според новата траса нема да биде на некои места толку стрмна, над анфитеатарот и под “радарот“, но за оние кои сакаат пожестоко да рекреираат остануваат тие патеки. Пробиени се неколку места кои беа тесни, а сега како и на останатите места патеката е широка, а на тие места, кои битоллани ги викаат “кај клупата“ и по неа се поставуваат потпорни ѕидови за да нема свлечишта и одрони.-Ние тука доаѓаме десетина години и ја чекавме оваа патека. На некои места беше тесно и тешко се разминуваме, посебно со велосипедистите кои се спуштаат од нивната патека кај Смолево. Се надевам дека за брзо ќе имаме убава и безбедна патека кои ќе можиме да ја користиме не само ние кои сме редовни тука, туку ќе привлече и нови млади и повозрасни битолчани, бидејќи ова место нема цена по која може да се купи во светот, а ние го имаме над Битола, ни рече чичко Љупчо, кој како рече е редовен “муштерија“ тука, а некогаш и по два пати.Над зоолошката градина веќе беа донесени и материјали за патеката.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »