ЈП “Паркинзи“ Битола ги известува граѓаните на Битола за забрането паркирање во одредени зони.
-Ве известуваме дека во недела (30.06.2024г.) поради посетата на голем број верници и црковни великодостојници од земјава и околните држави, во периодот од 06 до 14 часот, со цел зголемување на сообраќајниот проток, паркирањето ќе биде забрането во следните зони: Б1, Б2, А3, А4 и А9, соопштија од ЈППЈЛП Битола.