Press "Enter" to skip to content

Денес канонизација на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско–Скaдарска во Слепче, утре Богослужба во Битола

Во манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче и во соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ во Битола, викедов со свечени богослужби ќе биде канонизирана преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска.

Свеченото вбројување на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска во диптихот на светителите и исповедниците, ќе почне во манастирот „Св. Јован Претеча“, Слепче, Демирхисарско, каде што вечерва во 17 часот ќе биде отслужена Вечерна богослужба. Моштите на света Стефанида се наоѓаат во манастирот „Св. Јован Претеча“, Слепче, а сестринството на овој манастир ја наслика иконата на оваа новопројавена Божја угодничка и го состави нејзиното житие.

Утре, во соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“, во Битола, ќе биде отслужена богослужба во 7 часот, а во продолжение, во 9 часот – Света архијерејска литургија, на која ќе биде објавена одлуката на САС на МПЦ-ОА, за впишување на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско-Скадарска во списокот на Светите.

More from ВестиMore posts in Вести »