Во рамките на заедничката иницијатива за поддршка на училишните библиотеки, “Јавен Адвертајзинг“ од Битола во соработка со СОСУ “Св. Кирил и Методиј“ Охрид успешно донираа над 1000 книги на англиски јазик за основно образование во повеќе основни училишта во Битола и околината.
Оваа значајна донација има за цел да ја поттикне љубовта кон читањето кај младите ученици и да ги збогати училишните библиотеки.
Донацијата опфати неколку основни училишта, меѓу кои:
-ОУ „Стив Наумов“ – Битола, ОУ „Климент Охридски“ – Битола, ООУ „Гоце Делчев“ – Битола, ОУ „Кирил и Методиј“ – Битола, ОУ „Даме Груев“ – Битола, ОУ „Коле Канински“ – Битола, ООУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, ООУ „Елпида Караманди“ – Битола, ОУ „Гоце Делчев“ – Могила и ООУ „Браќа Миладиновци“ – Добрушево.
-Целта на оваа иницијатива е да се обезбедат дополнителни квалитетни образовни материјали на англиски јазик, кои ќе им помогнат на учениците да го подобрат своето културно и јазично богатство и да развијат љубов кон читањето. Оваа донација
е важен чекор кон унапредување на образовниот процес во нашата заедница, вели Ана Ристевска од “Јавен Адвертајзинг“ од Битола.

“Јавен Адвертајзинг“ донира над 1.000 книги на англиски јазик во основните училишта
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години:“Кромберг и Шуберт“ стартуваше со изградба на уште една фабрика (фото)
- СВР Битола: физички напад и проведување за нарушување на ред и мир
- Денес е Духовден, празник на Светиот дух и роденден на црквата
- Во Битола сончево со умерена облачност, температурата до 27 степени
- Мечка нападнала стадо во Крклино, удавила и изела една овца, алармирани сите институции





