Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: врсничко насилство кај малолетници, со сила одземени предмети на тезга на пазар

Денеска (30.06.2024) во 02.20 часот во СВР-Битола Г.П.(47) од Битола пријавила дека на 29.06.2024 околу 23.40 часот во Битола нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.06.2024 во 17.20 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 42 годишник од Битола поради постоење основи на сомнение дека околу 09.20 часот во градскиот пазар на тезгите во Битола од 69 годишник од Битола со употреба на физичка сила одзел предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

More from ВестиMore posts in Вести »