Press "Enter" to skip to content

По една сезона Стајиќ се враќа во Битола, Пелистер ќе носи и центарoт Бојиќ

Екипата на кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола по доделувањето на довербата на новиот тренер Александар Петровиќ да го води клубот во наредната сезонаа го започна екипирањето за новата сезона во која повторно ќе атакува на трофеј на домашната сцена, но и успешен настап во АБА2 лигата.

Пелистер обкави дека во Битола се враќа повремениот македонски репрезентативец Бобан Стајиќ. Стајиќ беше дел од битолскиот тим од 2020 до 2023 година, а во Битола се враќа од Работнички. Тој во минатото настапуваше и за Лирија, МЗТ Скопје, Фени Индустри, Куманово и Кожув.

Според неофицијалните најави во Битола во новата сезона за Пелистер за прв пат ќе заигра и Андрија Бојиќ кој е добро познат во македонската кошарка по настапите за МЗТ Скопје.  Бојиќ играше и за Младост, кинескиот Каосиунг, Спартак и Слобода Тузла.