Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: по повеќе од 10 години пауза, стартуваше со работа базенот “Довлеџик“ во Битола (фото)

-Откако десет години беше затворен во летото 2014 години официјално стартуваше со работа базенот “Довлеџик“, во населбата Довлеџик, кој е во сопственост на “Стрежево“ од Битола кој  беше еден од препознатливите белези за битолчани, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. Битолчани пред 10 години имаа можност уживаат во големиот базен, да
се рекреираат на тениското и кошаркарското игралиште кои беа тогаш целосно обновени.Јавното претпријатие “Стрежево“ тогаш ја доби дозволата од Центарот за јавно здравје дека водата ги усполнува сите услови за безбедно користење, а базенот беше целосно исчистен. Базенот беше тотално испразнет и исчистен со потребните хемикали.

Базенот “Довлеџик“ е долг 170 метри, широк 70 метри, а е длабок 2,20 метри.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »