Press "Enter" to skip to content

Пожар над Битола, гори над обиколницата кај Баирот

Голем пожар попладнево го зафати просторот над обиколницата во Битола, на патот Прилеп – Ресен, кај месноста Германски гробишта, а се поради ветрот  се проширил нагоре кон местото викано Раштански рид.Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски го стави во целосна функција штабот за заштита и спасување, а екипите на терен во постојана координација со градоначалникот се зголемуваат.

Во борбата со огнот вклучени се над 50 лица, од кои 35 пожарникари од ТППЕ Битола,
претставници на доброволни противпожарни друштва и граѓани – доброволци.По избувнувањето на пожарот во населба Баир интервенираат и екипи на ЈКП “Водовод“.  Битола, како и  расположиви возила и јавните комунални претпријатија.

Еден пожарникар е хоспитализиран за помали изгореници, а другиот поврден е на домашно лекување.

More from ВестиMore posts in Вести »