Владата до Собранието ги предложи следните имиња за заменици министри, при што целосно се комплетира владиниот тим.
За заменик министер во Министерството за европски прашања се предлага Викторија Трајков. Трајков завршила на Универзитет во Битола, и се здобила со титулата доктор на економски науки.
Од 2010 година е вработена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. А од 2019 година е избрана за доцент на Универзитет Скопје.






