Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: напад врз обезбедување во банка, малолетник објавил недолични фотографии, приведување за дрога, пронајдени стари артилериски гранати

На 19.07.2024 во 18.50 часот во СВР Битола, Г.Т. (47) од Битола пријавил дека на работното место како обезбедување во филијала на банка во Битола бил физички нападнат од едно лице, кое насилно сакало да влезе во банката. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 19.07.2024 во СВР Битола, 43 – годишник од Битола пријавил дека на социјална мрежа, малолетник од Битола објавил фотографии со недолична содржина од неговото малолетно дете. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 19.07.2024 во 12.10 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 38 годишник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дигитална вага и повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја. Лицето е приведен во полициска станица и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 18.07.2024 во атар на с.Магарево, битолско, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување подигнал две артилериски гранати со калибар 75 мм од Првата светска војна, кои претходно биле пронајдени.

На 18.07.2024 од с.Маково, општина Новаци, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување подигнал артилериска граната со калибар 155 мм од Првата светска војна, која претходно била пронајдена.