Денес, понеделник, 22 јули, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 36 степени. UV=8.
Утре, вторник, 23 јули, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладне можност за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 34 степени. UV=8






