Press "Enter" to skip to content

“Забава до бесвест“ на 6. ретро-журка “Орфеј“ во ноќен клуб “Расчекор“ Битола (фотогалерија)

Атмосфера до “точка на вриење“ и “забава до бесвест“ на синоќешната ретро журка која по 6. пат се одржа во ноќен клуб “Расчекор“, а поводот беше 50 години од орворањето на култниот диско простор во Битола – диско “Орфеј“.Многу позитивна енергија на музиката која ги спои сите и атмосфера која можат да ја опишат само оние кои доаѓаат на овие ретро журки. Синоќа голем број беа личности кои доаѓаат од  првата. Енергијата на музиката спојува… се играше и забавуваше до доцните – рани сати во ноќен клуб “Расчекор“ без  поделби вооднос на возраст, политичко убедување, социјален статус… На посебен начин оваа ретро журка веќе станува  препознатлив бренд во чест на култното диско “Орфеј“, но  можеби и бренд на градот Битола.И тоа заради: 

Атмосферата, музиката која се слуша, позитивната енергија, личностите кои доаѓаат. Енергијата на музиката спојува… синоќа на ретро журката “Орфеј“ сите беа едно, се играше и забавуваше до доцните – рани сати во ноќен клуб “Расчекор“.Тука беа урбани ликови, вљубеници во музиката од 70, 80, 90 години на музиката, тука може да се сретнат личности кои излегувале од самите почетоци на диско “Орфеј“, присуствувале на култните забави во 80 години, но се разбира и млада популација која само слушала за ова диско и која доаѓа на забавите за добрата музика, енергија  од тој период или можеби на некој начин да ја почуствува енергијата на годините од минатиот век, за која им кажувале нивните родители.Сите кои дојдоа на 6. по ред летна ретро журка играа на звуците на музиката од 70, 80-тите 90-тите години. Ди-џеите Кекел, Николче Терзиевски, Иле The Hair  ја загреаја атмосферата до “точка на вриење“ со музика од различни периоди на диското “Орфеј“, ја познаваат музиката, и не вратија сите во атмосферата која постоела тогаш.

Ди-џејот Николче Терзиевски пуштал музика кон крајот на 70 тите  и цела декада на 80 тите години на минатиот век во диско „Орфеј“,  со емоции враќајќи се низ времето кажа:-На некој начин сите вечерва сме во временска машина, како сите да се враќаме во времето низ музиката, низ средбите со личностите со кои сме излегувале, се дружеле, вљубивале во некој период на диското. Тоа е неповторливо за сите. Оваа енергија која владее вечерва, не може да се опише со зборови. Особено денес кога во време на технологии и оттуѓеност сме постигнале музиката да не зближи со позитивни емоции тогаш сите ние што сме тука на  оваа ретро журка треба да сме најсреќни. Но ќе кажам само дека ова што го зборувам можеби најповеќе ќе го разберат само оние кои се тука, а поголем дел се забавувале на сите ретро журки до сега.

Ди-џеј Иле на интересен начин во негов стил објасни:

-Рокери, панкери, шминкери, даркери… така се делеа младите според музиката која ја слушаа во тој период. Интересно е дека прво прашање при запознавање, со секој, а и со женска која ја шмекаш, беше „Каква музика слушаш?“ стилот. Потоа кои ти се омилени пејачи, група/и…? На еден начин така можеби ја ососзнававме личноста која ни одговара…Вечерва енергијата на музиката ги спои сите. Сите играат заедно, бидејќи голем дел личности се оние кои доаѓаат редовно на овие ретро журки и се запознале или познавале.Златко Самарџиев – Кекел кој учествува и во организацијата за оваа журка кажа:

-И овој пат на оваа забава секој ќе се врати на некој начин во младоста, во некое време социјалистичко кое остави трага на тие генерации,  А ќе кажат за нив најубаво бидејќи и младоста е најубава. Но, душата не страрее, иста е како и во младоста. И се разбира повторно се потврди дека музиката не познава граници. Тој што е во душата рокер ќе остани рокер и до 100 години, тука нема млад или стар…Марио Трифуновски еден од организаторите на ретро журки “Орфеј“ за оваа ретро журка ни рече:-Се случи и 6 по ред ретро журка летна во чест на култното диско „Орфеј“. Многу позитивни емоции, враќање во младоста, враќање на емоциите за пријателства, другарувања, се евоцираат спомени од некое време. Веќе прерасна во бренд, бидејќи заинтересираноста е голема. Можам само да кажам дека најголем дел од гостите вечерва се од првата журка тука со нас. Но, вечерва сите бевме заедно, во временската машина на ретро журка “Орфеј“. Ако сме успеале како организатори да го постигниме тоа, што повеќе да кажам.-Сега веќе можеме да кажаме дека оваа ретро журка е бренд на град Битола, Кога резревираат карти си ја бараат истата маса од претеходните години. Најважно е што енергијата која се  разменува тука ја нема на друго место, вели Драги Лажиовски – Брус Ли.И повторно за крај мојата мисла:-Повторно срушени предрасудите стари, млади, возрасни, повозрасни… тука нема млад или стар…  кои постојат како и сите други предрасуди, кои без да се расуди се суди), се срушени. Музиката не познава и нема граници… Тој што е во душата рокер ќе остани рокер и до 100 години… Можеби некоја брчка повеќе, или килограм плус, побелена коса… но тоа се “лузните“ кои животот ги остава врз секој човек. Но духот е ист, емоциите автентични, темпераментот се смирува, резултат на  зрелост, карактерот останува ист… Енергијата на музиката не познава граници…Се гледаме до следната 7 по ред зимска ретро журка, а порталот “Bitolanews“ како медиумски покровител на сите ѓест досегашни ретро журки “Орфеј“ и дел од организацијата заедно со Марио, Брусли и Какело со фотогалерија ви пренесува како беше синоќа и до раните зори беше во “Расчекор“.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »