Press "Enter" to skip to content

“Двојката“ ги започна подготовките во Битола – целта уште во декември, надмоќно, да бидат суперлигаши (фотогалерија)

Попаднево во спорската сала “Боро Чурлевски“ во Битола екипата на Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките за наредната сезона, а под водство на новиот тренер Александар Зарков, кој по една година се врати во Битола од Грција.Подготовките започна со работен состанок и прв тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“.На раакометарите им се обрати претседателот на клубот Зоран Стерјев, кој истакна дека иако разочарувањето е големо бидејки тимот испадна од Супер лигата.-Наместо да започнуваме подготовки и да подготвуваме за плеј-оф во Супер лигата, ние сега започнува подготовки за сезона во која ќе се враќаме во Супер Лигата. Но, тоа е тоа, а ние сека треба да докажеме дека сме Суперлигашки тим, а враќањето во најквалитетното ракометно друштво кај нас, треба да биде експресно, односно како рече директорот, тоа треба да го обезбедиме уште во декември, во поход без пораз. Сакам да сите да ви порачам дека ќе бидете евалуирани, и покрак заедничката цел титула, да имате и поединечна цел, а тоа со квалитет да се докажете и да потпишете професионален договор со првиот тим на Еурофаем Пелистер, бидејќи ние сметаме на вас.Тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Зарков пред првиот трененг им рече на ракометарите:-Сакам да ви посакам сезона со здравје и без повреди, а да не дојде до тоа треба да бидете максимално подготвени и во секој натревар да влегувате со максимална концентрација. Само така, максимално подготвени и концентрирани ќе докажеме дека сме суперлигашка екипа. Кога сите сме сметаме дека сме Суперлигашка екипа мора без пораз да се вратиме, а да си поставиме уште една цел, а тоа е одлични настапи во ракометниот куп.Присутни ракометари на стартот на подготовките на Еурофарм Пелистер 2 беа Мартин Јовановски, Иван Младеновски, Валентино Штаковски, Иван Димитровски, Христијан Митревски, Петар Маркоски, Мирче Калајџиевски, Ненад Белистојановски, Стефан Дрогришки, Дамјан Наумоски, Дејан Југовски, Симон Мирчевски, Мартин Ивановски, Бојан Гичев, Мартин Димовски, Томче Пецаковски.Во Еурофарм Пелистер 2 дојдоа Мартин Јовановски (Анортозис), Стефан Дрогришки (Охрид), Дамјан Наумовски (Јехона), а кон екипата ќе бидат приклучени уште неколку членови на младинската екипа.Еурофарм Пелистер 2 ќе се подготвува во Битола, ќе одигра серија на контролни натпревари, а ќе учествува и на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп. Останатите контролни натпревари ќе бидат дефинирани по дефинирањето на календарот за Првата лига 2024/25.Од Еурофарм Пелистер 2 заминаа Стефан Талевски, Алем Хаџиќ, Василије Печурица, Богдан Мијушковиќ и Стефан Трпчевски.