Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување заради закана

На 31.07.2024 полициски службеници од СВР Битола од ул. „Булевар 1-ви Мај “во Битола поради сомнение за сторено кривично дело по чл.133 од КЗ  лишиле од слобода 46 годишник од Битола.

Имено, на 31.07.2024 во СВР Битола Д.Б. (34) од Битола пријавил дека во маркет на ул. “Гоце Делчев”, негова сопственост, влегло приведеното лице при што со оружје му упатувал закани.

Од страна на полициските службеници лицето е пронајдено, извршен е преглед при што пронајдени и одземени му биле метална шипка и еден пластичен пиштол.

По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »