Press "Enter" to skip to content

“Сумнал“ Битола со предавање за превенција од семејното насилство

Во просториите на здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ се одржа предавање за превенција од семејното насилство. Семејното насилство и насилството врз жени и девојчиња претставуваат кривични дела за кои насилникот одговара пред надлежните институции, а жртвата добива соодветна заштита.

Секоја жртва на насилство која ќе се јави да пријави насилство ќе добие бесплатна помош и поддршка, информации за своите права и заштита обезбедена од институциите. Исто така, жртвата може да биде придружувана до институциите доколку се чувствува несигурно.Мерки за заштита вклучуваат: обезбедување нужно сместување: Жртвите на насилство може да бидат сместени најмалку три месеци, со можност за продолжување до една година, обезбедување соодветна здравствена заштита: Гарантиран пристап до потребните медицински услуги, обезбедување соодветна психосоцијална интервенција и третман: Жртвите добиваат поддршка за менталното здравје и советување, упатување во соодветно советување: Насочување кон соодветни услуги за поддршка, обезбедување правна помош и застапување: Жртвите добиваат правна помош и застапување, покренување постапка до надлежниот суд: Преземање дејства за остварување правда преку судовите, поднесување барање до судот за изрекување привремени мерки за заштита: Можност за добивање на забрани за приближување или други мерки за заштита.

Доколку трпите насилство и Ви е потребна помош и поддршка, не се двоумите да пријавите. Полицијата не може „само да дојде и да го заплаши“ — морате да го пријавите насилникот на телефонските броеви 192 или 112 (бесплатен телефонски број). Доколку сте физички повредена и треба да извадите лекарско уверение, тоа е бесплатно.
Предавањето го одржаа Мирјана Недановска, началник на Отсек за превенција – СВР Битола, Ките Трајковски, самостоен инспектор во Отсек за превенција – СВР Битола и Каролина Димеска, самостоен инспектор во Отсекот за превенција – СВР Битола.