Во четвртокот вечерта, уникатен состав на музичари ја пренесе Битола во Њу Јорк.
Концертот New York во Битола беше организиран од Ротари клубот Битола.
Познати мелодии беа изведени на посебен начин од реномирани музичари на креирајќи магија во Пациото во НУ Завод и Музеј на Битола.
Публиката која уживаше во звуците на Гершвин, Бернштајн, Бојаџиев, Пјацола… донираше со цел: “За Зелена БИТОЛА“.
На тој начин даде поддршка и придонес кон иницијативата “За зелена Битола“.
“За Зелена Битола“ е иницијатива на Ротари клуб Битола со цел да придонесе во креирање на чиста и зелена Битола и подобрување на целокупниот квалитет на животната средина на градот преку промоција на одржливи практики и вклучување на заедницата во сферата на екологијата.

Концерт на Ротари клубот Битола, New York во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Општина Новаци: патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
- “Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Обвинителството со детали за сообраќајката кога загина 17 годишна девојка од Битола





