На 09.08.2024 година во 20.30 часот во СВР Битола А.Д. (50) од Битола, пријавил дека неговата мајка на возраст од 74 години од Битола при пад во автобус на ул. „Прилепска” (Пелагонка 1) во Битола се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. По насока на јавен Обвинител, од страна на полициски службеници од СВР Битола ќе се вршат дополнителни проверки и преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 10.09.2024 година во 14.05 часот во СВР Битола П.С. (38) од Штип, пријавил дека, кај с.“Ѓавато“, битолско, додека се движел со неговото патничко моторно возило “бмв”со штипски регистарски ознаки забележал чад од предниот дел на возилото по што веднаш сопрел и со против пожарен апарат истиот го изгаснал. Пожарот се проширил во околната трева по што од страна на Територијалната против пожарна единица Ресен истиот е изгаснат. Повредени лица нема, причинета е само материјална штета.






